СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е РЕАЛНОСТ, АМА ЌЕ РАБОТИМЕ ЕДЕН ДЕН ДА СЕ СМЕНИ, КАЖА МИЦКОСКИ

    СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е РЕАЛНОСТ, АМА ЌЕ РАБОТИМЕ ЕДЕН ДЕН ДА СЕ СМЕНИ, КАЖА МИЦКОСКИ“Кога ќе седнеме на маса еден ден со нашите пријатели ќе се обидеме да ги убедиме дека оваа реалност за народот во Макеоднија е понижувачка“. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека промената на името е реалност и тоа мора да се почитува во институциите, но вели еден ден ќе работи тоа да се смени.  Одговарајќи на новинарско прашање во однос на почитувањето на Договорот од Преспа откако во неколку општини новите советници од ВМРО-ДПМНЕ поделија и потпишаа изјави со името Република Македонија, Мицкоски кажа дека тоа е поради неусогласеност на Законот за локална самоуправа со Уставот и уставните измени. Но, како што кажа, Северна Макеоднија е реалност и нивните пратеници во Собранието потпишале изјава со новата придавка.

    „Зоран Заев ја донесе таа нова реалност. Таа реалност нас не ни се допаѓа, но доколку не ја почитуваме во административното работење на институциите ќе имаме проблеми со обвинителство, судство… Дали ќе работиме таа реалност еден ден кога ќе имаме можност  да се промени, еве ви кажувам да – ќе работиме. Но, во моментов таа е реалноста во која функционираме сите ние“, рече Мицкоски.

    Прашан како ќе ја смени таа реалност Мицкоски кажа “Кога ќе седнеме на маса еден ден со нашите пријатели ќе се обидеме да ги убедиме дека оваа реалност за народот во Македонија е понижувачка“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира