Шарената револуција денеска на протестот, кој ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, ќе побара од Собранието да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни.
„Собрание, собери се! Шарената револуција бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. Бараме итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е поднесено обвинение од страна на СЈО“, пишува на страницата на Шарената револуција на Фејсбук.
Граѓаните од Шарената револуција бараат и оставка од Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.
Протести ќе се одржат и во Велес, Крива Паланка, Берово, Делчево, Штип, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Демир Хисар, Битола, Ресен и Прилеп.
Блокади на патиштата се веќе почнати во Мојмирово и во Мачево.