ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПОЧНА СО ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ОД 4,8 СТЕПЕНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ПОЧНА СО ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ОД 4,8 СТЕПЕНИ

    Протестот во Скопје почна со два земјотреси од 4,8 степаени по Рихтер. Според глобалната мапа на земјотреси во светот, епицентарот бил околу Охрид, но ги почуваствуаа и скопјани, посебно оние во висококатниците.

    Шарените револуционери, пак, не сетија дека земјата се тресе. Тие тргнаа кон Собранието. Транспарентот „Нема да ви помине“ е на чело на колоната.

    Барањето за итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни е веќе исполнето, но останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари