ШАРЕНИТЕ НА ВЛАШКИ ПОРАЧУВААТ „НЕ ЗА КРИМИНАЛОТ, НЕ ЗА АБОЛИЦИЈАТА“

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИТЕ НА ВЛАШКИ ПОРАЧУВААТ „НЕ ЗА КРИМИНАЛОТ, НЕ ЗА АБОЛИЦИЈАТА“

    Вечерашната шарена револуција е посветена на Власите во Македонија по повод 23 мај, Денот на Власите. Централниот транспарент е на влашки и порачува „Не за криминалот, не за аболицијата“. Антивладините демонстранти се подготвуваат за поход кон Влада.

    „Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестира полека ќе станува бликрам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“, напишаа денес на Фејсбук организаторите од Протестирам.

    Откако се исполни барањето за одложување на изборите на 5 јуни, останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари