ШАРЕНИТЕ СО ВРЗАНИ ТОЧАЦИ БЛОКИРАА МОСТ НА ВЛЕЗОТ НА БИТОЛА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИТЕ СО ВРЗАНИ ТОЧАЦИ БЛОКИРАА МОСТ НА ВЛЕЗОТ НА БИТОЛА

    Демонстрантите на Шарената револуција кои протестираат за оставка на градоначалникот Владимир Талески денес со точаци го блокираа влезот на Битола од страната на Охрид. Точаците ги наредија и врзаа еден со друг така што го зафатија целиот мост, а над нив истакнаа транспаренти „Не преживувај, живеј“ и „Наведната глава сонце не гледа“.

    Бидејќи влезот беше блокиран на еден од мостовите на Драгор, демонстрантите се пошегуваа дека ова може да се нарече Битката на Драгор со точаци. Некои пак рекоа „сега да ни подметнат експлозив под мостот, ќе се ослободат од повеќемина што со недели им задаваат мака.“

    Демонстрантите побараа оставка на владата и битолскиот градоначалник Валдимир Талевски.

    Влезот на Битола од страната на Охрид беше блокиран час и половина, а возилата мораа да патуваат по обиколницата, односно да минувааат плус 10 километри за да влезат во Битола.

    -Ќе речат дека револтираме невини луѓе, ги попречуваме нивните дневни обврски, задаваме штета на туризмот итн. Каде е нивниот револт кога умираат родилки со нивните бебиња? 61 мртво новороденче во првите три месеци од 2016 година. Каде беше нивниот револт кога почина Тамара? Каде е нивниот револт кога ќе слушнат дека некој нивни близок има респираторно заболување, како резултат на загадувањето? Каде е револтот, кога ќе слушнат дека некој/а другар/ка, си заминува во странство? Кој е лицемер? Ние што не се помируваме и си ги преземаме нашите животи во наши раце или тие што молчат и се соучесници преку нивната тишина- рекоа демонстрантите.

    Тие најавија дека информативните разговори не ги исплашија, па од понеделник ќе преземат порадикални чекори во изразувањето на својот револт кон оваа власт.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари