ШAРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ОСУДА НА ХОМОФОБИЈАТА ТРГНА КОН ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШAРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ОСУДА НА ХОМОФОБИЈАТА ТРГНА КОН ВЛАДА

    „Тоа не е кривично, само прекршочно дело“ е пораката која вечерва Шарената револуција ја напиша на големиот транспарент. Демонстрантите се собираа речиси еден час пред Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и тргнаа кон Влада. Носат транспаренти со слики од досегашниот министер за финансии Зоран Ставрески со неговата изјава од бомбите „Ние сме лудаци“, има и транспарент на кој пишува „Какви патриоти, такви полиглоти“ со кој шарените потсетуваат на српскиот говор на министерската за култура Елизабета Канческа-Милевска. Вечерашниот протест шарените го посветија и на хомофобијата.

    „Протестирам денес повторно на улица! Излегуваме на протест да потсетиме на барањата кои се уште не се исполнети. Прогонот кон борките и борците за правда не запира, а и Уставен суд се’ уште не се произнесува за уставноста на Законот за СЈО. Одлучни сме и посветени да ги применуваме сите форми на протест и отпор се до исполнување на барањата и ден потоа. Денешниот протест е посветен и на борбата против хомофобичните напади и говорот на омраза кој деновиве е значително присутен и насочен кон нашите ЛГБТИ другарки и другари. Протестираме за општество во кое ваквите напади ќе бидат соодветно осудени и спроведени. Протестираме за првда и слобода! Се гледаме на улица! Ќе има правда, ќе има мир!“, напишаа на Фејсбук организаторите од „Протестирам“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира