ШТРАЈКОТ ПРОДОЛЖУВА, ВЛАДАТА ГИ ЗАПЛАШУВА НАСТАВНИЦИТЕ ДЕКА НЕМА ДА ЗЕМАТ ЦЕЛА ПЛАТА, КАЖА СОНК

    ШТРАЈКОТ ПРОДОЛЖУВА, ВЛАДАТА ГИ ЗАПЛАШУВА НАСТАВНИЦИТЕ ДЕКА НЕМА ДА ЗЕМАТ ЦЕЛА ПЛАТА, КАЖА СОНКОд СОНК и понатаму не pрифаќаат зголемување на платите за 10 отсто. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) нема да го прекине штајкот и во наредните денови наставниците и вработените во градинките нема да работат, кажа на денешната прес-конфереција претседателот на СОНК Јаким Неделков. Тој рече дека ги разгледале заклучоците од вчарашната владина седница и одлучиле да продолжат со штрајк додека не им се исполнат барањата.

    „Се врши силен притисок врз штрајкувачите. Одредени министри во Владата ги заплашуваат вработените кои штрајкуваат дека ќе им бидат скратени дневниците за деновите во штрајк. Освен законското право за исплата на плата во штрајк, постојат и членови во колективните договори со кои се допрецизира исплаќањето на дневници за време на штрајк, во кои се вели дека работодавецот е должен да исплати надоместот на плата за време на штрајк доколку Синдикатот организирал штрајк поради кршење на правата на работниците. Затоа, не треба да се заплашуваат вработените дека нема да им биде исплатена плата“, рече Неделков.

    Неделков рече дека настава ќе нема сè додека не се најде решение и не се постигне договор со Владата.

    СОНК бара покачување на платите за 18 отсто додека Владата им понуди повисоки плати за 10 отсто и побара да се прифати ова зголемување оти во време на војна, економска и енергетска криза повеќе пари не можат да се обезбедат за оваа намена.

    Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска утрово изјави дека не се работи ниту за притисок, ниту за уцена, тоа што наставниците и вработените во градинките кои штрајкуваат нема да земат плата, туку за почитување на Законот за работни односи и Колективниот договор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира