ШТО СЕ КРИЕШ СЕГА БЕ, СЕ ОБРАТИ ИГОР ЈУГ КОН ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ПРАТЕНИЦИ ПРЕД СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    ШТО СЕ КРИЕШ СЕГА БЕ, СЕ ОБРАТИ ИГОР ЈУГ КОН ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ ПРАТЕНИЦИ ПРЕД СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛИгор Југ, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, на претходно рочиште. (Фото: СДК.МК)

    Пред почетокот на денешното судење за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, во големата судница во Основниот суд Скопје 1 има тензична ситуација.

    Обвинетиот Игор Југ, за кого во незавршена судска постапка против 33-цата обвинети, Собранието веќе го класираше во тие кои носеле оружје, а за кои нема да има амнестија, се обрати кон еден од тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за кои се изгласа специјален закон за амнестија: „Што се криеш сега бе како пичка под кошула?“.

    Тоа ги исправи на нозе судската и затворската полиција, како и присутните припадници на „алфите“. Тие го смируваа Југ.

    Претходно, на влезната врата на судот, пратеникот Љубен Арнаудов, за кого заедно со неговите колеги од парламентот, Крсто Мукоски и Сашо Василевски, ќе има амнестија, на новинарско прашање дали ќе поднесе барање за амнестија, на новинарите им одговори: „Изјава давам за 50 евра“.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира