ШТОМ ВЕ БИВА ЗА НОСЕЊЕ ЗАКОНИ, ЗАШТИТЕТЕ ГИ И СВЕДОЦИТЕ СО ЗАКОН, ИМ ПОРАЧА КАТИЦА ЈАНЕВА НА ПРАТЕНИЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШТОМ ВЕ БИВА ЗА НОСЕЊЕ ЗАКОНИ, ЗАШТИТЕТЕ ГИ И СВЕДОЦИТЕ СО ЗАКОН, ИМ ПОРАЧА КАТИЦА ЈАНЕВА НА ПРАТЕНИЦИТЕ

    Специјалната јавна обвинителка на пратеничката Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ и ја предаде лично нејзината иницијатива за измена на законот за заштита на сведоци.
    На седницата на Комисијата за политички систем на која се расправа за шестмесечниот извештај на СЈО стана од местото, отиде до клупата на Јакимовска и и рече: “Штом Собранието носи многу закони, еве повелете, ова е мојата иницијатива што ја поднесов до Собранието, преточете ја во закон ве молам“.
    Катица Јанева оваа иницијатива ја има поднесено уште на 1 април годинава, но до сега ниту Владата, ниту пак некоја пратеничка група немаат доставено предлог за измена на законот за заштита на сведоци.
    Таа при презентацијата на нејзиниот извештај на 15 септември апелираше Собранието да ги донесе измените на Законот за заштита на сведоци за, како што рече „да влезе ова јавно обвинителство во сржта на предметите за Мартин Нешковски, Монструм и Сопот“.
    Таа потсети дека за случајот „Шпион“ има луѓе кои седат во притвор 4 години и дека СЈО трипати бараме од Апелациониот суд да ги пушти од притвор.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира