СИЛАТА Е ВО БРОЈКИТЕ, СЕ СПРЕМАМЕ ДА ЈА ПРИМИМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО 30. ЧЛЕНКА НА НАТО, КАЖА ПОМПЕО НА 70-ГОДИШНИНАТА НА АЛИЈАНСАТА

    СИЛАТА Е ВО БРОЈКИТЕ, СЕ СПРЕМАМЕ ДА ЈА ПРИМИМЕ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО 30. ЧЛЕНКА НА НАТО, КАЖА ПОМПЕО НА 70-ГОДИШНИНАТА НА АЛИЈАНСАТАНа одбележувањето на 70-годишнината во НАТО во Вашингтон присуствуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на алијансата, како и македонскиот министер Никола Димитров. (Фото: Твитер)

    Државниот секретар на САД Мајк Помпео потврди дека Стејт Департментот ги поднел документите до Сенатот за ратификација на пристапниот протокол на НАТО за Северна Македонија, зборувајќи на одбележувањето на 70-годишнината на НАТО во Вашингтон. Тој рече дека силата е во бројките и со Северна Македонија, алијансата ќе има 30 членови.

    „Нашата сила е во бројките. НАТО порасна и сега вклучува 29 нации. Годинава се подготвуваме да ѝ посакаме добредојде на 30. Членка Северна Македонија и задоволство ми е да кажам дека минатата недела формално ги поднесовме документите во Сенатот на САД да го ратификува пристапувањето на Северна Македонија.

    Полскиот парламент денеска ќе го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Полска ќе биде десетата земја што го ратификува протоколот. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија и Данска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира