СИЛЕН ДОЖД ВО СКОПЈЕ И СИЛЕН ДОЖД ОД БОЈА ВРЗ СОБРАНИЕТО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СИЛЕН ДОЖД ВО СКОПЈЕ И СИЛЕН ДОЖД ОД БОЈА ВРЗ СОБРАНИЕТО

    Собранието и вечерва беше офарбано со канонада од балони со боја исфрлени од чаталот на Шарената револуција. Во исто време главниот град го зафати невреме со силен дожд и грмежи, но тој не ги спречи демонстрантите да го завршат и денешниот антивладнин поход кој ги почнаа под мотото „Кривиот пишува кривични“, поради кривичните пријави против учесници во протестите во Скопје и во Битола.

    Командосите на Шарената револуција вечерва влегоа и во фонтаната Воин на коњ и одблизу со детски водени пиштоли и пушки го обоија столбот на споменикот на Александар и лавовите.

    Напад од вода врз споменикот Воин на коњ, еден од белезите на контроверзниот проект Скопје 2014 (Фото: СДК.МК)

    Напад од вода врз споменикот Воин на коњ, еден од белезите на контроверзниот проект Скопје 2014 (Фото: СДК.МК)

    Пред тоа со маици на кои им беа испишани иницијалите, исто како што им стојат во полицискиот билтен, “командосите“ на „Шарената револуција“ и денеска со два чатала ја гаѓаа зградата на Владата.

    Дваесет и шест учесници на демонстрациите на Шарената револуција во Битола и седум демонстранти во Скопје добија кривични пријави од полицијата поради „основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело“. Обвинети се дека ја боеле општинската зграда во Битола, фасадата на Министерството за култура во скопско Дебар маало, за кој МВР вели дека е објект од значајно културно наследство и Порта Македонија за кој полицијата тврди дека е „објект – недвижно културно наследство“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари