СИЛЈАНОВСКА ИМА ПРЕДНОСТ ОД 100.000 ГЛАСОВИ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ ОД 60 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ

    СИЛЈАНОВСКА ИМА ПРЕДНОСТ ОД 100.000 ГЛАСОВИ ПРЕД ПЕНДАРОВСКИ ОД 60 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИКандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска - Давкова гласаше во училиште во скопско Дебар Маало (Фото: СДК.МК)

    Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова има 197.741 гласови (37,80%), што е двојно повеќе од кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски – 97.592 гласови (18,66), по преброени 59,59 отсто од преброените гласови, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија од првиот круг на претседателските избори.

    Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 4.997 гласови (0,96%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 81.748 гласови (15,63%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 23.472 гласови (4,49%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 59.591 гласови (11,39%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 42.296 гласови (8,09%).

    До 18.30 часот, половина час пред затворање на избирачките места, одзивот на гласачите на првиот круг од претседателските избори е 48,46 отсто од податоците доставени до Државната изборна комисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира