СИТЕ УЧЕНИЦИ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ШКОЛО ИЛИ ДА ОДАТ ВО ГРУПИ, ЦАРОВСКА ГИ НАЈАВИ ПЛАНОВИТЕ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

    СИТЕ УЧЕНИЦИ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ШКОЛО ИЛИ ДА ОДАТ ВО ГРУПИ, ЦАРОВСКА ГИ НАЈАВИ ПЛАНОВИТЕ ЗА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНАУчебната година 2020/2021 почна на 1 октомври, и со физичко присуство одеа учениците од прво до трето одделение. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Се подготвуваат три сценарија за тоа како ќе се одвива учебната година 2021/2022, за кои ќе одлучува Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката состојба, кажа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Според неа, денеска на Главниот координативен штаб се дискутирало за сценаријата кои ги подготви Министерството за образование и наука (МОН).

    „Сите, и јас и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, сакаме учебната година да почне со првото сценарио, целосно отворање на училиштата согласно здравствените протоколи за сите одделенија и сите години. Второто сценарио е со физичко присуство да одат учениците од прво до четврто одделение, останатите онлајн. Третото сценарио е да бидат поделени во групи, една недела да оди една група ученици, друга недела втора група ученици“, кажа Царовска на отворање на нова спортска сала во Волково.

    Учебната година 2020/2021 почна на 1 октомври, и со физичко присуство одеа учениците од прво до трето одделение, како и некои стручни училишта или училишта низ земјава кои ги исполнуваа условите согласно ковид протоколите. Сите други посетуваа онлајн настава.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира