СЈО ГО ДАДЕ КЛУЧНИОТ ПРИДОНЕС ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ПЛОМП НА ЦЕРЕМОНИЈАТА ЗА ДЕНОТ НА ПРАВОСУДСТВОТО

    СЈО ГО ДАДЕ КЛУЧНИОТ ПРИДОНЕС ВО БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА И ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ПЛОМП НА ЦЕРЕМОНИЈАТА ЗА ДЕНОТ НА ПРАВОСУДСТВОТОХоландскиот амбасадор Ваутер Пломп рече дека Холандија уште од основањето го поддржува Специјалното јавно обвинителство (Фото: СДК.МК)

    САД и Холандија изразија цврста поддршка за Сепцијалното јавно обвинителство како клучно за враќање на довербата на јавноста во правосудството, на церемонијата за Денот на правосудството, која се одржува два дена во Скопје.

    Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп рече дека Холандија уште од основањето го поддржува Специјалното јавно обвинителство.

    „СЈО го даде клучниот придонес во борбата против корупцијата и организираниот криминал”, рече Пломп.

    „Специјалното и редовното јавно обвинителство се срцето на напорите на вашата земја да гони корупција и да ја вратат довербата на јавноста во правосудните институции. Независноста на овие обвинителства треба да се обезбеди“, рече в. д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер Блум.

    „Судските реформи не можат да бидат само на хартија. Важно е да се усвојат законите. Но треба да се сменат и праксата, навиките и предрасудите. Нема кратки патеки за владеење на правото и борбата против корупцијата. Граѓаните на Република Северна Македонија бараат правда и правна сигурност. Амбасадата на САД е ваш партнер. Дониравме опрема за снимање на судските процеси во Основниот суд Скопје 1, постојано низ програми и обуки го помагаме процесот за независно и непристрасно судство“, кажа Швајцер Блум пред полна сала судии.

     

    Министерката за правда Рената Дескоска рече дека ВМРО-ДПМНЕ, со која Министерството преговара за статусот на СЈО, дополнително ќе се консултира околу децидните европски препораки за статусот на СЈО и за собраните докази за отворените истраги во кои ги нема бомбите како доказ пред суд. Но, му забележа на претседателот на Собранието Талат Џафери за изјавата дека и да се договорат партиите за СЈО, тој нема сега да закаже седница за да се изгласа законот. Рече дека правото кога ќе ја закаже е негово и дискреционо, но изјавата делувала демотивирачки кај претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои прашале зошто да брзаат со преговори кога спикерот и онака нема намера за време на предизборната кампања да закаже седница за Законот за јавно обвинителство.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира