СЈО НА 17 ЈАНУАРИ ЌЕ КАЖЕ ШТО ОДГОВОРИ УБК ЗА КОРИСТЕЊЕТО КЛАСИФИЦИРАНИ ПОДАТОЦИ ВО „ТВРДИНА 2“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СЈО НА 17 ЈАНУАРИ ЌЕ КАЖЕ ШТО ОДГОВОРИ УБК ЗА КОРИСТЕЊЕТО КЛАСИФИЦИРАНИ ПОДАТОЦИ ВО „ТВРДИНА 2“

    Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари.

    „Од наша страна беа испратени барања до надлежните институции, на кои ни беше одговорено. Со одговорите ќе биде запознат и судот на закажаната расправа на 17 јануари“, стои во одговорот на СЈО на прашањето дали СЈО доби одговор и дозвола од УБК за декласификација на класифирицирани податоци заради нивно користење како докази во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, како што тоа беше наложено од судот?

    На подготвителната расправа за судењето за „Тврдина 2“, судијката Лидија Петровска го задолжи СЈО да побара дозвола од органот што ги создал тие податоци да бидат користени во судска постапка, односно да бидат декласифицирани со степен за употреба во судска постапка.

    Во случајот „Тврдина 2“, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест лица кои се товарат дека ја уништиле документацијата поврзана со системите од незаконското прислушување.

    „Тврдина 2“ и случајот за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013, беа првите два предмети за кои СЈО лани на 15 септември поднесе обвиненија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира