СЈО НАЈАВИ ЖАЛБА ЗА ОДБИЕНИОТ ПРИТВОР ЗА „ТРЕЗОР“, ЧЕКА ОДЛУКА ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО НАЈАВИ ЖАЛБА ЗА ОДБИЕНИОТ ПРИТВОР ЗА „ТРЕЗОР“, ЧЕКА ОДЛУКА ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА СУДИЈА

    Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе жалба на одлуката за неопределување притвор на еден од осомничените во „Трезор“, велат од СЈО за „Мета“. Жалбата на СЈО треба да ја разгледува тричлен совет на Кривичниот суд, кој во рок од 48 часа треба да донесе одлука дали ќе го потврди решението на судијата на претходна постапка или ќе го прифати барањето на СЈО и ќе одреди притвор или, пак, ќе одреди некоја друга мерка.

    Барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување мерки против четворицата осомничени во случајот „Трезор“ се распоредени кај тројца судии на претходна постапка, кои одлучуваат по предлозите на СЈО, појаснуваат за „Мета“ од Кривичниот суд.

    Оттаму велат дека кај еден судија е предлогот за определување притвор за еден од осомничените во случајот (поранешен началик во Управата за безбедност и контраразузнавање по кој веќе е одлучено, односно, во петокот минатата недела, беше одбиено барањето на СЈО).

    Друг судија на претходна постапка го добил барањето за определување мерки на претпазливост за тројца осомничени во „Трезор“, но СЈО побара негово изземање.

    Трет судија, велат од Кривичен, треба да одлучи за барањето за замрзнување на смеките на фирмата „Финзи“, преку која одела набавката за опрема за УБК, со која осомничените, според СЈО, го оштетиле буџетот за околу 860.000 евра.

    Специјалното јавно обвинителство во меѓувреме ја очекува и одлуката на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, во врска со барањето на СЈО за иззамање на судијката што требаше да одлучува за мерките на претпазливост, односно одземањето на пасошите на тројца осомничени во „Трезор“, инаку поранешни високи функционери во УБК и во МВР.

    СЈО, велат од обвинителството, бара изземање на судијката поради околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно, деверот на судијката, односно братот на нејзиниот сопруг, работи за фирма која е во блиски деловни односи со фирмата „Финзи“.

    Панчевски, според Законот за кривична постапка, има три дена да одлучи за изземањето на судијката. Од Кривичниот суд велат дека одлуката ќе биде позната најверојатно утре или најдоцна в среда.

    Оттаму засега немаат информации кога третиот судија ќе одлучува по барањето на СЈО за замрзнување на сметките на „Финзи“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира