СКОПЈАНЕЦ КОЈ ИМАЛ ГОСТИ ОД СРБИЈА И БРАЧНА ДВОЈКА КОЈА ПАТУВАЛА ВО БУГАРИЈА СЕ НОВИТЕ ЗАБОЛЕНИ СО КОРОНАВИРУС

    СКОПЈАНЕЦ КОЈ ИМАЛ ГОСТИ ОД СРБИЈА И БРАЧНА ДВОЈКА КОЈА ПАТУВАЛА ВО БУГАРИЈА СЕ НОВИТЕ ЗАБОЛЕНИ СО КОРОНАВИРУСВо земјава има регистрирано 26 случаи со КОВИД-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Скопјанец кој една недела имал симптоми на грип и брачна двојка од Скопје која пред неколку дена се вратила од Бугарија се новодијагностицираните пациенти заболени со коронавирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

    „Тие ги направиле тестовите на приватната клиника ’Жан Митрев‘ кои биле позитивни, но направивме контролни тестови во Центарот за јавно здравје и беа повторно позитивни. Се изработуваат тестовите на членовите на неговото семејство. Тој имал гости од Србија и во моментов се контактираат и тие. Сопружниците дошле од Бугарија пред некој ден и вчера член на семејството ги донел во приватната клиника. Тие сè уште се дома и во текот на денот ќе бидат донесени на Инфективната клиника“, кажа Филипче.

    Во земјава има вкупно 26 лица заразени со КОВИД-19, од кои 17 се во Скопје, а 9 во Дебар и сите се во стабилна состојба.

    Капацитетот на Инфективната клиника, рече тој, е целосно подготвен.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира