Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење, соопшти Јавното обвинителство откако „Македонија пат“ утринава почна да го руши објектот по налог на Владата.
Од Скопското обвинителство велат дека осомничениот во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.
- ШТО НЕ РУШИТЕ ВО ОХРИД, ТУКА ВО ЧАИР ДОЈДОВТЕ, ВЕЛИ АДВОКАТОТ НА СОПСТВЕНИКОТ НА ОБЈЕКТОТ КАЈ „МАВРОВКА“
- ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“
Надлежниот обвинител денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова.
М. ИЛИОСКИ