СЛЕДНАТА ВЛАДА ЌЕ ГО ИСПРАТИ ЗАЕВ ВО ЗАТВОР АКО НЕ ГО СМЕНИ УСТАВОТ, ВЕЛИ КОЅИЈАС

    СЛЕДНАТА ВЛАДА ЌЕ ГО ИСПРАТИ ЗАЕВ ВО ЗАТВОР АКО НЕ ГО СМЕНИ УСТАВОТ, ВЕЛИ КОЅИЈАСКоѕијас вели дека Македонија ќе треба да одбере еден од предлозите на Нимиц, со исклучок на „Република Македонија (Скопје)“. - Заев и Коѕијас во прегратка за време на посетата на грчкиот министер на Скопје на 23 март (Фото: СДК.МК)

    Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас вели дека евентуалното решение за спорот за името треба да се имплементира за внатрешна употреба преку уставни промени, бидејќи во спротивно, следната влада ќе го испрати Заев во затвор, велејќи дека го прекршил Уставот, кој не предвидува меѓународно име за земјата. Коѕијас, зборувајќи за грчката телевизија „Скај“, кажа дека им објаснил на македонските претставници дека уставните промени се за нивна заштита.

    „За да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата. Може да се склучи меѓународен договор што ќе го содржи сето ова? Може и постојат правници што веруваат во тоа. Но, искуството покажува дека ако се смени оваа влада, следната ќе го испрати Заев во затвор, велејќи дека го прекршил Уставот, со прифаќање на меѓународно име што не е предвидено и не е дозволено од Уставот. Односно и за нивна заштита, како што им имам објаснето, потребна е промена на Уставот“, ја пренесе државната агенција МИА изјавата на Коѕијас во емисијата „Историес“.

    Коѕијас рече дека не е проблемот во тоа кое ќе биде новото име, бидејќи е договорено да биде сложено и географско, а Македонија ќе треба да одбере еден од предлозите на Нимиц, со исклучок на „Република Македонија (Скопје)“, кое веќе е отфрлено од грчката страна.

    Тој ја отфрли можноста Македонија да добие покана од НАТО без решено име, бидејќи тоа ќе создаде притисоци врз неговата земја, откако сите останати земји ќе ја ратификуваат поканата во парламентите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира