СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ ЌЕ ТУЖИ АКО СУДОТ НЕ ЈА ОТФРЛИ ТУЖБАТА НА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ЗА КЛЕВЕТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ ЌЕ ТУЖИ АКО СУДОТ НЕ ЈА ОТФРЛИ ТУЖБАТА НА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ЗА КЛЕВЕТА

    Ако Основниот суд Скопје 2 не ја отфрли тужбата за клевета поднесена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и од Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски за случајот „Маѓар Телеком“, со која тој и пред Њујоршкиот суд сведочеше дека во 2005 двајцата примиле мито од по 2,5 милиони евра, Богоевски најави дека ќе иницира кривична постапка за влијание врз сведоци во судска постапка. Тој ова го најави денеска, на почетокот граѓанската парница против него, со која Ахмети бара отштета од три, а Џафери од два и пол милиони денари од Богоевски, за, според нив, искажаните невистини за примањето милионски поткуп, со кои им нанел голема материјална штета на обајцата.

    “Тужбата за клевета за исказ даден во судска потапка не е дозволена. Воедно, според американското законодавство, а и според членот 368-а од Кривичниот законик, казниво е влијанието врз сведоци во судска постапка. Целта е како ненадлежен суд да издејствува пресуда против мене, која би ја користеле да ја амортизираат мојата изјава во постапките што се водат во Њујоршкиот суд и во Обвинителството за организиран криминал во Македонија “, изјави Богоевски.

    Судењето и по двете тужби се одложи за 27 јануари идната година, бидејќи адвокатите на Богоевски му забележаа на Судот дека судењето го закажал пред да истече рокот за одговор на тужбата. Богоевски рече дека тужбите биле поднесени уште во декември лани и обвини дека поради потребата во политичката кампања на Ахмети и на Џафери, политизираното судство, како што рече, ги темпирало дури сега пред изборите.  Тужителите Ахмети и Џафери не дојдоа на првото рочиште.

    Исказот за кој го тужат Ахмети и Џафери, според тврдењата на тужениот Богоевски, тој го дал и во судската постапка пред  претставниците на американската Комисија за хартии од вредност и пред Њујоршкиот Суд. Тој вели дека имал налог за заштита и обврска за молчење, се додека не заврши постапката за случајот „Маѓар Телеком“. Американската Комисија за хартии од вредност тврди дека извршни директори на „Маѓар Телеком“, со лажирани договори поткупувале македонски функционери во 2005 и 2006.

    Во писмото од американската Комисијата за хартии од вредност од Вашингтон, што го приложи тужениот Богоевски пред новинарите, стои дека изјавата му е прифатена како сведок во корупциската афера против раководни лица од „Маѓар Телеком“ и дека како сведок, кој се повикува да сведочи во граѓанска постапка за клевета во Македонија, тужениот Богоевски се става во опасност. „Американскиот правен систем смета дека независно судство не може да функционира ако сведоците може да бидат заплашувани поради тоа што дале изјава“, стои во писмото од Вашингтон што го покажа Богоевски, а според кое судењето во Њујоршкиот суд продолжува на 8 мај, 2017.

    Во исказот пред Њујоршкиот суд, Богоевски наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од „Маѓар Телеком“ преку грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас. Според сведочењето пред Њујоршкиот суд, Богоевски посочува и дека во скандалот, освен грчкиот бизнисмен Кондоминас, биле вмешани поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вицепремиерот Муса Џафери и поточно, во три наврати биле исплатени по 2,5 милиони евра.

    За овие тврдења на Богоевски лани под притисок на јавноста истрага отвори и Обвинителството за организиран криминал и корупција на чие чело беше Јован Илиевски. На 23 септември лани ексразузнавачот Слободан Богоевски четири часа даваше исказ за случајот „Маѓар Телеком“. Тогаш во ОЈО за организиран криминал беше спроведен со полициска придружба од Кумановскиот затвор, каде беше на издржување на затворска казна од една година и седум месеци за финансиски малверзации при купување имот кај базенот Карпош. Од март годинава тој е на слобода, а затворската казна ја коментира како одмазда за неговото сведочење дека бивши и сегашни највисоки функционери во Македонија земале милионски суми мито од „Маѓар Телеком“ преку грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас.

    Остана тајна што кажал Богоевски пред македонските истражни органи, но тој тврдеше дека ќе го повтори истото што го кажал и пред американскиот суд во Њујорк каде се води процес против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи.

    Сведочењето на Богоевски во ОЈО за организиран криминал дојде откако Обвинителството отвори предмет по допрен глас по неговата изјава дадена за Њујоршкиот суд, а која беше јавно достапна од лани во август. 

    Поранешниот премиер Владо Бучковски, кој и самиот сведочеше пред Њујоршкиот суд, го негираше исказот на Богоевски, а Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ, уште кога ОЈО на Јован Илиевски отвори предистражна постапка, најавија тужби.

    Обвинителството на Јован Илиевски и на државниот обвинител Марко Зврлевски, не ја заврши постапката за „Маѓар Телеком“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира