СМЕТАМЕ НА ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА И САД ДА ГИ ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, КАЖА ЗАЕВ НА 100 ДЕНА ВЛАДА

    СМЕТАМЕ НА ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА И САД ДА ГИ ПОЧНЕМЕ ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ, КАЖА ЗАЕВ НА 100 ДЕНА ВЛАДАБараме решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, вели Заев. (Фото: Влада)

    Премиерот Зоран Заев кажа дека смета на силната поддршка од Германија и САД, кои се посветени нашата држава да ги почне преговорите со ЕУ, на денешната средба со лидерите на сите партии кои се дел од владината коалиција, по повод 100 дена влада.

    „Завршувањето на стоте дена од мандатот и крајот на годината е убава прилика да се состанеме, да разговараме за сето она што го постигнавме како владина коалиција и парламентарно мнозинство, но и да разговараме за идните чекори врз основа на довербата дадена од граѓаните. Да зборуваме и за плановите за наредната година. Остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, ниту идентитетот на било кој народ или етничка заедница. Тука сметаме и на силната поддршка на нашите сојузници во ЕУ, особено Германија, како и САД кои се посветени нашата држава да продолжи по европскиот пат и почнување на преговорите со Унијата“, кажа Заев.

    Процесот на евроинтеграции на Македонија е блокиран по ветото на Бугарија за преговарачката рамка на псоледните два состанока на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

    Министерот за здравство Венко Филипче, пак, ги информираше коалиционите партнери за вакцината и потпишувањето на нашата земја во Ковакс групниот механизам, преку Светска здравствена организација за рамномерна распределба на вакцините во сите земји.

    „Обезбедивме 833 илјади дози за 400 илјади граѓани кои два пати ќе се вакцинираат во текот на месец март. Сите вакцини кои се дел од Ковакс системот се со докажани добри ефекти и соодветна количина на антитела“, рече министерот Филипче.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира