СНЕГОТ ГО ЗАПРЕ СООБРАЌАЈОТ КОН МАВРОВО, КОН ДЕБАР СЕ ВОЗИ ВО ЕДНА ЛЕНТА

    СНЕГОТ ГО ЗАПРЕ СООБРАЌАЈОТ КОН МАВРОВО, КОН ДЕБАР СЕ ВОЗИ ВО ЕДНА ЛЕНТАГолема колона возила и застој има кај месноста Бунец, а полицијата прави напори да обезбеди движење по една коловозна лента кон Дебар. (Фото: Е. Петрова)

    Снегот кој од ноќеска паѓа во Мавровскиот Регион го отежнува сообраќајот. Голема колона возила и застој има кај месноста Бунец, а полицијата прави напори да обезбеди движење по една коловозна лента кон Дебар.

    Според информациите на СВР Тетово, во овој регион има проблеми во одвивањето на сообраќајот и се прават напори да се нормализира сообраќајот, а полициски службеници кои се на терен го регулираат протокот на возила.

    Граѓани кои се најдоа утрово на пат преку социјалните мрежи информираат дека и кружниот пат околу Мавровското Езеро е непрооден поради снегот на коловозот. До утрово во Маврово има 30 сантиметри снег.

    Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека поради обилни врнежи од снег, забрани за сообраќај на тешки моторни возила има на следниве патни правци: Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, крак Маврово – Жировница, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, Струга – граничен премин Ќафасан. На патниот правец Тетово – Попова Шапка, забраната важи за тешки товарни возила, камиони и автобуси. За останатите типови на возила, на овие правци задожителна е употреба на зимската опрема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира