СНЕМА СТРУЈА ВО ГОЛЕМАТА СУДНИЦА ВО КРИВИЧНИОТ СУД СРЕДЕ СУДЕЊЕ ЗА „ТИТАНИК 2“

    СНЕМА СТРУЈА ВО ГОЛЕМАТА СУДНИЦА ВО КРИВИЧНИОТ СУД СРЕДЕ СУДЕЊЕ ЗА „ТИТАНИК 2“Сведокот Виолета Дума и еден од обвинетите во „Титаник 2“ Сашо Срцев на пауза пред судот, дадена откако снема струја (Фото: СДК.МК)

    На судењето за случајот „Титаник 2“ на СЈО, непосредно по сведочањето на Виолета Дума, во кое таа како поранешен член на Државната изборна комисија (ДИК) кажа дека шефот Мендух Тачи му се јавил на обвинетиот Бедредин Ибраими пред гласањето за Струмица, снема струја. Судењето во Основниот суд Скопје 1 се прекина.

    Откако снема струја, во судницата сите ги вклучија мобилните телефони, бидејќи нема прозорци и е црна темница.

    Во темница полека излегуваа судиите, јавноста, обвинителите од СЈО, обвинетите Сашо Мијалков, Мендух Тачи, уште 4 обвинети, сведокот Дума.

    По пауза од 1о- на минути, дојде струја во судот и судењето се очекува наскоро да продолжи.

    Во случајот „Титаник 2“, за злоупотреба на службената положба и овластувањата обвинети се поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Елизабета Стефанова и Влатко Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ, кои без основ гласале да се поништи гласањето во првиот круг на локалните избори 2013 во Струмица, бидејќи Зоран Заев го победи Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ. Гласањето било по наредба на обвинетиот Сашо Мијалков, за што веќе беа пуштени на преслушување бомби. Во бомбите, се слуша како тогашниот претседател на ДИК Борис Кондарко бара логика и причини за прегласувањето, но овие четири лица го надгласуваат.

    За злоупотреба на службената положба и овластувањата обвинет е и Мендух Тачи, како тогашен лидер на ДПА, која им беше опозиција на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, но на повик на Мијалков, како што се чу во бомбите, веднаш му се јавува на Бедредин Ибраими и му дава наредба да гласа за поништувањето на резултатите од гласањето во Струмица.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира