СО 40 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ НАБАВЕНА ОПРЕМА ЗА АРМИЈАТА

    СО 40 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ НАБАВЕНА ОПРЕМА ЗА АРМИЈАТАНабавени се радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори. (Фото: Влада на РСМ)

    Денеска во касарната „Илинден“во Скопје беше промовирана нова опрема за Армијата набавена со пари од Европската Унија (ЕУ). Опремата е набавена во рамки на соработката со Европската Унија, односно Европскиот мировен фонд и е поделена во три пакети.

    Опремата од првиот и дел од од вториот пакет е пристигната во земјава. Станува збор за опрема од различен тип односно радари, термални камери, транспортни возила, симулатори, 3Д радар и преносни сензори. Во рамките на третиот пакет ќе пристигне опрема за логистика и комуникациски и пешадиски единици.

    На презентацијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и евроамбасадорот Михалис Рокас.

    „Безбедноста е суштински дел од европското партнерство на Европската Унија со Северна Македонија, особено имајќи предвид дека во 2024 година потпишавме партнерство за безбедност и одбрана. И денес навистина сме задоволни што може да видиме видливи резултати од ова партнерство. Убеден сум дека ќе продолжиме да работиме непосредно со цел да се соочиме со сите безбедносни предизвици со коишто Европа се соочува“, рече Рокас.

    „Овој текст е изработен со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС). Содржината на овој текст е единствена одговорност на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Шведска и УНОПС“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира