Амбасадата на САД во Скопје на 11 септември ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање со крводарителна акција и акција за дарување на храна, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.
Националниот ден на служба и сеќавање започна да се одбележува во 2002, преку добротворни акции за да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите коишто помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001.
Годинава, настанот е во организација на Федералната програма на жени при Амбасадата на САД, а ќе им се оддаде почит на три жени одговорни за брза интервенција кои загинаа во нападите на 11 септември 2001 за да спасат други животи.
Акцијата е отворена и за учество од јавноста од 9-16 часот. Исто така, пред Амбасадата ќе може да се остават и донации во прехранбени производи.