СО ДОНИРАЊЕТО ОРГАНИ САКАВМЕ ДА СПАСИМЕ ЖИВОТИ, ВЕРИЦА ТАКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕ, ВЕЛИ БРАТОТ НА ДОНОРКАТА НА СРЦЕ

    СО ДОНИРАЊЕТО ОРГАНИ САКАВМЕ ДА СПАСИМЕ ЖИВОТИ, ВЕРИЦА ТАКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЖИВЕЕ, ВЕЛИ БРАТОТ НА ДОНОРКАТА НА СРЦЕСемејството на Иле Стрезовски, кој го прими срцето од Верица Белчовска. (Фото: МИА/принтскрин)

    Семејството на 20-годишната Верица Белчовска, чие срце денеска беше трансплантирано во 21-годишниот Иле Стрезовски, вели дека донеле одлука да се донираат нејзините органи, бидејќи сакале да спасат животи. Нејзиниот брат Мартин верува дека доколку ним им биле потребни, ќе им се излезело во пресрет и затоа помогнале, бидејќи така ќе живее и неговата сестра.

    „Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа бидејќи сакаме да спасиме животи. И нам, доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет. Затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејќи така ќе живее и нашата сестра“, вели Мартин Белчовски за државната агенција МИА.

    Освен срцето, Верица од беровско Русиново, која загина во сообраќајна несреќа, е донор на два бубрега, како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези, и со карциноми кои им ги оштетиле коските.

    По трансплантацијата зборуваше и таткото на Иле, кој го прими срцето од Верица.

    „Среќен сум, првин сакам да им изразам сочувство на фамилијата на Верица, која млада почина и мојот син, преку нејзините родители, успеа да добие срце да му се продолжи животот. Боледуваше од слабо срце, му работеше со 14 отсто, се бараше донор и фала му на бога се најде. Разговарав со него, се чувствува добро, сè e супер“, кажа Цветко Стрезовски од Брвеница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира