СО НОВ ЗАКОН ЌЕ СЕ ЗАПЛЕНУВА ИМОТ НАД 30 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗ ДОКАЖАНО ПОТЕКЛО, НАЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИ

    СО НОВ ЗАКОН ЌЕ СЕ ЗАПЛЕНУВА ИМОТ НАД 30 ИЛЈАДИ ЕВРА БЕЗ ДОКАЖАНО ПОТЕКЛО, НАЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИЗаконот за потекло на имот, како што кажа Николовски, ќе важи за сите граѓани, не само за функционерите. (Фото: Влада)

    Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски кажа дека драфт верзијата на новиот Закон за потекло на имот е готова и со него се предвидува конфискација на имот над 30 илјади евра од претходната година ако сопствениците не можат да го докажат неговото потекло. Законот, како што кажа Николовски, ќе важи за сите граѓани, не само за функционерите.

    „Овој закон преку граѓанска постапка за конфискација, која ја воведуваме, ќе важи за сите лица кои нема да можат во одреден законски период да го докажат потеклото на имотот. Значи ќе важи за сите лица, не само за функционерите. Постапката ќе биде граѓанска, брза, а не кривична и ќе има соодветен праг кој моментално во драфт верзијата е 30 илјади евра“, рече Николовски во обраќањето на конференцијата за детектирање и намалување на сивата економија, организирана од УНДП и Министерството за финансии.

    Николовски додаде дека драфт верзијата на законот ќе биде испратена до Венецијанската комисија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира