СО НОВИТЕ 163 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АКТИВНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ 4.040, НЕМА ПОЧИНАТИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 24 ЧАСА

    СО НОВИТЕ 163 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, АКТИВНИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ 4.040, НЕМА ПОЧИНАТИ ВО ПОСЛЕДНИВЕ 24 ЧАСАНа Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, а во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 10 нови; - Возило на Брза помош низ центарот на Скопје. (Фото: K. Попов)

    По подолго време, во изминативе 24 часа нема починати пациенти по компликации од ковид-19, а од 1.636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.

    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациент. На кислородна поддршка се 34 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 92 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти. Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

    Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 132 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

    Новите случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје-52, Куманово-21, Дебар-2, Штип-33, Тетово-4, Струга-7, Велес-2, Битола-5, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-17, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-1.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје-41, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-1, Велес-3, Кавадарци-2, Гостивар-6, Пробиштип-1.

    Вкупно ковид дијагностицирани во земјава има 9.412, од кои оздравени се 4.940, починати се 432, а активни се 4.040. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
    • Скопје 4.350, активни 1.892
    • Куманово 933, активни 247
    • Дебар 175, активни 112
    • Штип 640, активни 324
    • Прилеп 311, активни 54
    • Тетово 955, активни 302
    • Струга 377, активни 195
    • Велес 208, активни 29
    • Битола 94, активни 49
    • Охрид 245, активни 130
    • Кавадарци 33, активни 19
    • Гостивар 315, активни 207
    • Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
    • Струмица 33, активни 24
    • Крива Паланка 22, активни 8
    • Радовиш 23, активни 19
    • Крушево 14, активни 9
    • Кочани 91, активни 23
    • Пробиштип 45, активни 28
    • Демир Хисар 18, активни 16
    • Македонски Брод 10, активни 6
    • Пехчево 6, активни 0
    • Берово 4, активни 1
    • Валандово 6, активни 0
    • Виница 5, активни 2
    • Делчево 1, активни 0
    • Кратово 12, активни 7
    • Свети Николе 203, активни 188
    • Кичево 101, активни 82
    • Ресен 141, активни 57
    • Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

    Направените 1.636 теста се преку: ИЈЗ-729, ЦЈЗ Скопје-10, Авицена-128, Биотек-163, МАНУ -176, Жан Митрев (Филип Втори)-215, Систина со ПЦР метода -158, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-25, Инфективна клиника-4, ГАК-18. Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
    • Чаир – 285
    • Аеродром – 193
    • Бутел – 136
    • Гази Баба – 208
    • Центар – 162
    • Карпош – 176
    • Сарај – 116
    • Кисела Вода – 150
    • Ѓорче Петров – 120
    • Студеничани – 109
    • Шуто Оризари – 105
    • Арачиново – 34
    • Илинден – 24
    • Петровец – 21
    • Чучер Сандево – 12
    • Сопиште – 20
    • Зелениково- 12
    • Странец – 7
    • Нераспределен- 2

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира