СОБРАНИЕТО ГИ ИЗБРА КОСТАДИНОВСКИ И КАДРИУ ЗА УСТАВНИ СУДИИ

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗБРА КОСТАДИНОВСКИ И КАДРИУ ЗА УСТАВНИ СУДИИновите уставни судии пред Собранието денеска дадоа свечена заклетва. (Фото: СДК.МК)

    Професорот Осман Кадриу и Дарко Костадиновски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, се избрани за судии на Уставниот суд. Пратениците ги избраа денеска на седницата која што почна со 40-минутно доцнење, пак поради тоа што се чекаше кворум.

    На денешната седница, Кадриу доби 68 гласа „за“, а за Костадиновски гласаа двајца пратеници помалку. Новите уставни судии имаат 9-годишен мандат. Тие пред Собранието денеска дадоа свечена заклетва.

    СК. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира