СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА И ЗАМЕНИЦИТЕ-МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВ

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА И ЗАМЕНИЦИТЕ-МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА НА ЗАЕВМинистрите и премиерот, т.е. Владата, беа избрани на 30 август. - Од денешното гласање (Фото: МИА)

    Со 62 гласа „за” и 44 „против”, Собранието вечерва ги изгласа замениците-министри во Владата на Зоран Заев.

    Башким Хасани е избран за заменик-министер за одбрана, а Назим Буши на заменичкото место во Министерството за внатрешни работи. Професорот на Тетовскиот универзитет Агим Нухиу оди заменик министер во Министерството за правда.

    Илхан Рахман од турската заедница ќе биде заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците, додека Фатмире Исаки за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи.

    За заменик-министер за финансии е избран Димитар Ковачевски. Зоран Маневски е заменик-министер за економија, а досегашниот министер за земјоделие, земјоделскиот инженер Трајан Димковски станува заменик министер во истиот ресор.

    Лекарот Илир Хасани ќе биде заменик министер за здравство.

    Арафат Шабани е изгласан за заменик-министер за образование и наука. Енвер Хусејин од Турската демократска партија ќе биде заменик во ресорот труд и социјала.

    Пратениците го изгласаа новинарот Зоран Димитровски за заменик-министер за локална самоуправа. Александар Бајдевски останува на местото заменик-министер за информатичко општество и администрација.

    Седат Сулејмани е изгласан за заменичкото место во Министерството за култура, кој дипломирал општествени науки и работел во приватен бизнис. Беким Реџепи ќе биде заменик на министерот за Министерството за транспорт и врски. Христина Оџаклиеска е избрана за заменик- министер за животна средина и просторно планирање.

    Министрите и премиерот, т. е. Владата, беа избрани на 30 август.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира