СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ПОЛЕСНО ОДОБРУВАЊЕ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

    СОБРАНИЕТО ГИ ИЗГЛАСА ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ПОЛЕСНО ОДОБРУВАЊЕ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19Министерот за здравство Венко Филипче им се заблагодари на пратениците за поддршката и искажаната грижа за колективното здравје. (Фото: СДК.МК)

    Со гласа 70 гласа „за“, Собранието денеска го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка. Со измените се овозможува полесно одобрување за употреба на вакцини против ковид-19.

    Законските измени предвидуваат одобрение за ставање во промет на вакцини против ковид-19 да добијат и подносители без седиште на територијата на Македонија, како и баратели кои не доставиле целосна документација.

    Овие законски измени важат во вонредни услови и кризни состојби што претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето, природни непогоди, утврдено постоење на кризна состојба и прогласена епидемија или пандемија на заразна болест и слично

    Министерот за здравство Венко Филипче им се заблагодари на пратениците веднаш по гласањето.

    „Денеска, во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против Ковид-19 во земјата. Изразувам благодарност до пратениците за поддршката и искажаната грижа за колективното здравје. Имунизацијата е единствениот начин да ставиме крај на пандемијата“, напиша Филипче на Фејсбук.

    Министерството за здравство е во процес на набавка на 200 илјади вакцини од Кина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира