СОБРАНИЕТО ГИ РАЗРЕШИ МИНИСТРИТЕ ТЕВДОВСКИ И ФАЗЛИУ И ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЛИКА

    СОБРАНИЕТО ГИ РАЗРЕШИ МИНИСТРИТЕ ТЕВДОВСКИ И ФАЗЛИУ И ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЛИКАРасправата за министерските смени денеска во Собранието траеше 10 часа сосе паузи. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието вечерва ги разреши министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа Сухеил Фазлиу и вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика, кој формално е министер без ресор. „За“ разрешување на тројцата гласаа 64 пратеници, а кај Фазлиу имаше и еден „против“.

    На почетокот на седницата, Собранието ги констатираше оставките на министрите за култура, за земјоделство, за животна средина и министерот без ресор Асаф Адеми, Љупчо Николовски, Садула Дураки и Зоран Шапуриќ.

    Утре Собранието ќе продолжи со изборот на нови министри, а меѓу предложените нема да го има премиерот Зоран Заев, кој се откажа од кандидатурата за министер за финансии поради законска пречка во Законот за спречување корупција и судир на интереси. Сепак, тој кажа дека ќе раководи со Министерството за финансии до избор на нов министер.

    Предлози за нови министри се: Насер Нуредини – животна средина, Горан Милевски – локална самоуправа, Садула Дураки – политички систем, Трајан Димковски – земјоделие и Хусни Исмаили – култура.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари