СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА ФИЛИПЧЕ ЗА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА ФИЛИПЧЕ ЗА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВОПремиерот Зоран Заев на собраниската говорница пред гласањето за новиот министер за здравство. (Фото: СДК.МК)

    Неврохирургот Венко Филипче од СДСМ беше избран за нов министер за здравство со 62 гласа „за“ на денешната седница во Собранието. Веднаш по него, за министер без ресор беше избран Ахел Ахмедовски од ромската партија ПЦЕР.

    Филипче доаѓа на местото на Арбен Таравари, кој беше избран за градоначалник на Гостивар, а Ахмедовски ќе го замени Самка Ибраимовски, кој стана пратеник. На истата седница, за заменик министер за образование беше избран Арб’р Адеми од ДУИ. Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ја напушти салата пред гласањето.

    На почетокот на седницата, претседателот на Собранието Талат Џафери ги констатираше оставките на членовите и претседателот на Државната изборна комисија поднесени пред истекот на мандатот и на нивно лично барање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира