СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА НОВИОТ СОСТАВ НА ДИК

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА НОВИОТ СОСТАВ НА ДИКПратниците од владејачкото мнозинство на денешната седница (Фото: К. Попов)

    Собранието со 100 гласови „за“ го избра новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК). Претседател на ДИК е поранешниот пратеник Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ, а од истата партија член е Елизабета Постоловска. Членови од СДСМ се Јанаки Витановски, Борис Кондарко, поранешен претседател на ДИК, и Радица Ристевска. Од ДУИ, член и потпретседател на ДИК е Дитмире Шеху и член од Движењето Беса е Енвер Салију.

    Во продолжението на седницата, набрзина беа изгласани и измените на Изборниот законик, Законот за Влада и на Законот за финансирање на партиите, сите по скратена постапка. Овие законски измени беа договорени на лидерската средба во понеделникот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира