СОБРАНИЕТО ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, ВО ОСТАВКА Е ЦЕЛА ВЛАДА

    СОБРАНИЕТО ЈА КОНСТАТИРАШЕ ОСТАВКАТА НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ, ВО ОСТАВКА Е ЦЕЛА ВЛАДАПремиерот во оставка Зоран Заев на вчерашното обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Собранието денеска на почетокот на седницата за пратенички прашања ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев. Тој не ја искористи опцијата усно да ја образложи оставката, а оставката на премиерот повлекува оставка и на целата влада.

    Со констатирањето на оставката, почнува да тече рокот од 10 дена претседателот Стево Пендаровски да го додели мандатот за состав на влада на нов мандатар, а потоа тој има рок од 20 дена да му поднесе програма на Собранието и да го предложи составот на новата влада.

    Заев најави дека ќе поднесе оставка како премиер и како лидер на СДСМ вечерта на 31 октомври по вториот круг од локалните избори, преземајќи одговорност за лошите резултати на СДСМ. Во партијата веќе избраа нов лидер, Димитар Ковачевски, кој ќе биде и мандатар.

    Закажаната седница за пратенички прашања нема да се одржи, бидејќи, како што кажа претседателот на Собранието Талат Џафери, нема поента да се поставуваат прашања на влада која е во оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира