СОБРАНИЕТО ЌЕ ГЛАСА ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БОЈКОТИРА

    СОБРАНИЕТО ЌЕ ГЛАСА ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ БОЈКОТИРАДоговорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија беше потпишан од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на први август минатата година. Договорот е ратификуван лани во ноември од бугарскиот Парламент. За договорот да влезе во сила, останува само да се ратификува во македонското Собрание. Од потпишувањето на Договорот на 1 август 2017 година (Фото:СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ нема да го гласа предлог – законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, кој е на дневен ред на денешната собраниска седница, потврдија од ВМРО-ДПМНЕ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Партијата останува на ставот за бојкот на работата на Собранието, бидејќи тврди дека нема демократски амбиент за нивно враќање во собраниските клупи, кога 12 отсто од пратеничката група им е во притвор.

    Од ВМРО-ДПМНЕ за САКАМДАКАЖАМ.МК го повторија партискиот став дека Договорот за добрососедство со Бугарија е штетен за националните интереси на Македонија.

    „Договорот не го дефинира македонскиот народ како реална идентитетска посебност, а државата своеволно се откажува и од македонското малцинство во Бугарија. Владата со овој договор одобрува негација на македонскиот јазик и дозволува истиот да биде ословуван како јазикот според Уставот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Пред да биде гласан Договорот за добрососедство со Бугарија на пленарна седница, пред собраниската Комисија за европски прашања во 10 часот, бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков, ќе ги претстави приоритетите и програмата за работа на Бугарското претседателство со Советот на Европската унија.

    Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е ратификуван лани во ноември од бугарскиот Парламент. За договорот да влезе во сила, останува само да се ратификува  во Собранието.

    Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија беше потпишан од премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на први август минатата година. Договорот беше потпишан на македонски и на бугарски јазик.

     

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира