СОБРАНИЕТО МУ ОДГОВОРИ НА ИВАНОВ ДЕКА ГРУЕВСКИ НЕ СОСТАВИЛ ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СОБРАНИЕТО МУ ОДГОВОРИ НА ИВАНОВ ДЕКА ГРУЕВСКИ НЕ СОСТАВИЛ ВЛАДА

    Собраниските служби го известиле претседателот Ѓорге Иванов дека до истекот на рокот, ноќеска на полноќ, мандатарот Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, не поднел ни предлог–состав за нова Влада, ни програма.

    „Одговорено му е на претседателот Иванов“, рекоа кусо за САКАМДАКАЖАМ.МК од собраниската служба.

    По добивање официјално известување од страна на Собранието, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, брифираа претходно за државната агенција МИА од кабинетот на претседателот.

    „Со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада“, е став од кабинетот на Претседателот на РМ.
    Сега Иванов го има ставот во експресниот одговор од Собранието и на потег е тој кому ќе го даде мандатот за нова влада.

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев околу 14 часот констатираше дека мандатарот за нова Влада Никола Груевски не успае да обезбеди мнозинство од 61 пратеник, па го повика Иванов нему да му го даде мандатот. Рече дека е убеден дека тој ќе формира влада. Порача дека секакво поинакво однесување на претседателот Иванов би било кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата од страна на Иванов.

    С. К. Делевска

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира