СОНУВАЈТЕ НА ГОЛЕМО, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА БИДЕТЕ ПОДЕЛЕНИ, РЕЧЕ ПАПАТА ФРАЊО НА МЕЃУРЕЛИГИСКАТА СРЕДБА СО МЛАДИТЕ

    СОНУВАЈТЕ НА ГОЛЕМО, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА БИДЕТЕ ПОДЕЛЕНИ, РЕЧЕ ПАПАТА ФРАЊО НА МЕЃУРЕЛИГИСКАТА СРЕДБА СО МЛАДИТЕНа средбата, пред папата Фрањо церемонијално за својата верба и верувања сведочеа една млада двојка православни верници, една муслиманка и една девојка католик, а тој потоа одговори на нивните прашања, а во меѓувреме повика едно дете од публиката што си играше пред него . (Фото: ПУЛ)

    Папата Фрањо, на историската прва посета на Македонија, попладнево во Католичка црква во Скопје имаше екуменска (на припадници на целата христијанска заедница) и меѓурелигиска средба со млади. На средбата, пред папата церемонијално за својата верба и верувања сведочеа една млада двојка православни верници, една муслиманка и една девојка католик, а тој потоа одговори на нивните прашања.

    „Многу млади денеска ја имаат изгубено способноста да сонуваат и тоа еден од главните проблеми. Кога личност не сонува, се предава на сожалувањето. Никогаш не е премногу да се сонува. Да се даде надеж на еден уморен свет, христијани и муслимани, е еден многу убав сон. Сонувајте на големо. Не дозволувајте да бидете поделени. Сонувајте заедно со другите, никогаш против другите“, рече папата Фрањо и ги охрабри младите да разговараат лице в лице со своите баби и дедовци за да ги чујат нивните искуства, што тој ги нарече „лек за болно срце“, за да не си ги заборават корените.

    Во Пасторијалниот центар на црквата папата се сретна со свештениците, нивните семејства и монасите и одржа миса.

    Средбите во Католичката црква беа завршница на посетата на папата Фрањо, кој во 18.30 часот заминува од Меѓународниот аеродром Скопје.

    ЕКИПА НА СДК.МК

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари