Светските музички ѕвезди денеска пееја за спас на Украина, а концертот можеше да се следи и на видеобим на Плоштадот Македонија во Скопје. Настанот на Плоштадот го организираше Амбасадата на Украина во земјава, од каде порачаа дека целиот свет е сведок на бруталната војна која руската федерација ја започна и ја води во Украина.
„Веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет. Целиот свет нè поддржува“, рекоа од Украинската амбасада.
На концертот под мотото „Спас за Украина“ настапија украински и светски музички ѕвезди како Јамала, Руслана, Стинг, Ед Ширан, Брајан Адамс, „Ју-Ту“, Мадона, Елтон Џон и многу други.
Концертот на Плоштадот го следеше и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз.