СПАСОВСКИ ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ПОРАДИ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА

    СПАСОВСКИ ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ПОРАДИ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРАОд кабинетот на Спасовски велат дека неговата здравствена состојба сега е стабилна. (архивска фотографија)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски од вчера е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, потврдуваат е неговиот кабинет за САКАМДАКАЖАМ.МК. Од таму велат дека Спасовски е во стабилна состојба.

    „Министерот Спасовски од вчера е на Инфективна клиника поради висока температура. Неговата здравствена состојба сега е стабилна“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Министерот Спасовски во понеделникот доцна навечер на својот фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19. Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија.

    На Инфективната клиника се лекува и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Пратеничката Славјанка Петровска и советникот за односи со јавност Марјан Забрчанец вчера на своите фејсбук профили објавија дека се позитивни на коронавирус. Позитивен тест на ковид-19 има и портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира