СПЕЦИЈАЛЕН СУД МОЖЕ ДА СЕ ФОРМИРА, ОТИ ТОА ГО ДОЗВОЛУВА ЗАКОНОТ ЗА СУДОВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СПЕЦИЈАЛЕН СУД МОЖЕ ДА СЕ ФОРМИРА, ОТИ ТОА ГО ДОЗВОЛУВА ЗАКОНОТ ЗА СУДОВИ

    Иако и претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски е против формирање на специјализирано одделение во Основниот суд Скопје 1, по моделот на тамошното Одделение за организиран криминал и корупција, сепак Законот за судови во два свои члена повикува да се формираат специјализирани одделенија во судовите.

    Само со формирање на посебно одделение во Основниот суд Скопје 1, кое ќе се занимава со предметите на Специјалното јавно обвинителство, може да се деблокираат истрагите кои тоа ги поведе за тежок криминал во врвот на власта, сметаат кривичарите.

    претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски е против формирање на специјализирано одделение во Основниот суд Скопје 1

    Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски е против формирање на специјализирано одделение во Основниот суд Скопје 1

    “Јас, како претставник на институцијата која е одговорна за судството, и Судскиот совет воопшто сме на мислење дека не треба да се менува концептот на кој е поставено судството во постојниот систем, вели Караџовски. Ако се наметне прашањето за формирање на ново судско одделение, односно специјално одделение, што според постојниот Закон и Устав не е можно, потребна е законска интервенција, меѓутоа тоа треба да се направи многу внимателно. Но, прашањата за одговорноста и за правата на претседателите на судовите или на претседателот на тој суд каде што ќе биде формирано новото одделение не можат да му бидат одземени како ингеренции на Судскиот совет“, вели Караџовски.

    Членовите 12 и 23 од Законот за судови, пак, го тврдат спротивното од претседателот на Судскиот совет.

    Член 12 вели:

    (1) Работата во судовите по правило се врши во специјализирани судски оддели.

    (2) Специјализираните судски оддели се формираат во зависност од видот и обемот на работа во судот, и тоа во кривична област, малолетнички криминалитет, граѓанска и стопанска област, работни спорови и за други покарактеристични видови спорови од делокругот на работата на судовите.

    (3) Во рамките на специјализираниот судски оддел се остварува специјализација на судиите.

    Член 23, пак, го развива ова прашање понатаму, кажуваа точно каде може да се формираат специјализирани судски оддели и бара задолжително тие да бидат формирани:

    (1) Основните судови се основаат за една или повеќе општини чие подрачје е определено со овој закон.

    (2) Основните судови согласно со стварната надлежност судат во прв степен и се основаат како судови со основна надлежност и судови со проширена надлежност.

    (3) Во рамките на основните судови со проширена надлежност задолжително се основаат специјализирани судски оддели што ќе постапуваат за одделни видови на спорови.

    (4) Основните судови можат да имаат судски одделенија, да судат надвор од седиштето на судот, како и да имаат судски денови надвор од седиштето на судот.

    Според информациите САКАМДАКАЖАМ.МК од дипломатски извори, посебно одделение ќе се формира  во Основниот суд Скопје 1 и тоа би го имало истото име како што го има и обвинителството на Катица Јанева – Одделение за кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Тоа одделение би имало од судии во претходна постапка, кои ќе одлучуваат за барањата за притвор и за мерките за безбедност што ќе ги предлага Специјалното обвинителство,  до судечки судии, кои ќе ја финишираат првостепената судска постапка за случаите на СЈО.

    Новото одделение ќе биде формирано по урнек на Одделите за организиран криминал и корупција во Јавното обвинителство на Република Македонија и во Основниот суд Скопје 1, чиј творец е поранешниот министер за правда Михајло Маневски. Тој во 2007 година успеа со широка кампања и аргументи да го убеди опозициониот СДСМ да гласа за реформскиот пакет во судството и постави основа во иднина да се формираат судски одделенија по потреба. Таа потреба се укажува сега кога СЈО се соочува со пречки, не само од политичките структури и државни институции, туку и од самите судии.

    Маневски формирањето на посебното одделение за организиран криминал и корупција го осмисли во членот 32 од Законот за судови, кој вели:

    (1) Во Основниот суд Скопје I – Скопје се формира специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција за целата територија на Република Македонија.

    Меѓународната заедница е истрајна за спроведување на реформите во судството до крај и борбата против високопрофилната корупција, за да може Македонија да се врати на колосекот на евроатлантските интеграции, брифираат извори за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари