СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ЌЕ ОТВОРИ ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ОД МАКЕДОНИЈА, КАЖА БРИТАНСКИОТ СЕКРЕТАР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЏЕРЕМИ ХАНТ

    СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА ЌЕ ОТВОРИ ПОГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ОД МАКЕДОНИЈА, КАЖА БРИТАНСКИОТ СЕКРЕТАР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЏЕРЕМИ ХАНТОва е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница, вели британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант. (Фото: Форин Офис)

    По денешното гласање за уставните измени предвидени со Договорот од Преспа во македонскиот парламент, британскиот секретар за надворешни работи Џереми Хант кажа дека спроведувањето на договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината.

    „Обединетото Кралство силно го поздравува денешното гласање во Парламентот на Македонија за поддршка на спроведувањето на Договорот од Преспа. Ова е историски момент за Македонија. Ова е голем чекор напред кон решавање на долгогодишниот спор за името со Грција и ја доближува земјата до побезбедна, постабилна и просперитетна иднина во срцето на евро-атлантската заедница. Спроведувањето на Договорот ќе отвори поголеми можности за младите луѓе од Македонија и покажува што може да се постигне со храброст, одлучност и визија за иднината“, вели Хант.

    Собранието вечерва со 81 глас „за“ ги усвои четирите уставни амандмани предвидени со Договорот од Преспа и потоа со ист број гласови донесе одлука за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 со што тие стануваат дел од Уставот. Со ова, името на земјава е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    Следно треба грчкиот Парламент да да го ратификува Договор од Преспа, со што ќе се деблокира постапката за влез на Македонија како 30. членка на НАТО.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари