СРЕДБАТА НА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО ПАРИЗ ОДЛОЖЕНА ЗА МАРТ, ДА НЕ НАШТЕТИ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТО

    СРЕДБАТА НА ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО ПАРИЗ ОДЛОЖЕНА ЗА МАРТ, ДА НЕ НАШТЕТИ НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИМЕТОПретседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека средбите биле одложени за март, во договор со европратениците кои ја организираа средбата на власта и опозицијата во куќата на Жан Моне во близина на Париз. - Претседателот на Собранието Талат Џафери(Фото:СДК.МК)

    Одложени се средбите меѓу претставници на парламентарните партии кои требаа да се одржат во рамките на процесот „Жан Моне“ во близина на Париз на 25 и 26 јануари.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери за државната Агенција МИА изјави дека средбите биле одложени за март, во договор со европратениците кои ја организираа средбата на власта и опозицијата во куќата на Жан Моне. со цел обновување на соработката меѓу власта и опозицијата по организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 година.

    Причина за одложувањето било средбите да не се доведеле во контекст на преговорите за решение за спорот со името со Грција и да му се даде време на ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира.

    Власта и опозицијата во рамките на процесот „Жан Моне“ требаше да разговараат за реформските закони, за системските закони за кои е потребно двотретинско мнозинство, измени на Собранискиот Деловник и етичкиот кодекс на пратениците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира