СРЕДБАТА ЗАЕВ-ЦИПРАС Е ТЕМЕЛ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ ДОБРО РЕШЕНИЕ, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР

    СРЕДБАТА ЗАЕВ-ЦИПРАС Е ТЕМЕЛ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ ДОБРО РЕШЕНИЕ, ВЕЛИ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАРЖбогар рече дека Владите на двете земји знаат најдобро и треба да се верува на нивниот оптимизам. - Евроамбасадорот со битолската градоначалничка Наташа Петровска (Фото: СДК.МК)

    Вчерашната средба меѓу Заев и Ципрас е како темел за добро разбирање и изнаоѓање на решение кое ќе биде добро не само за двете земји туку за целиот регион и за цела Европа, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Битола.

    „Комесарот за проширување Хан вчера рече дека состанокот помеѓу двата премиери на двете земји е навистина добра вест. Навистина можам да кажам дека оваа средба е добра вест зашто само преку дијалог можат да се решаваат проблемите и тоа е единствениот начин секогаш да се решаваат отворените прашања. Во изминатите неколку месеци двете влади, на Република Македонија и Грција навистина воспоставија многу интензивен дијалог со цел да можат да креираат атмосфера која ќе придонесе кон наоѓање на решение“, рече Жбогар.

    Запрашан дали го дели оптимизмот со Македонија дека годинава ќе го реши проблемот со името, Жбогар рече дека Владите на двете земји знаат најдобро и треба да се верува на нивниот оптимизам. За во јуни најави дека е можно отворање на пристапни преговори со ЕУ за некои земји од Западен Балкан.

    „За ЕУ следните шест месеци ќе бидат многу интензивни во релациите со Западен Балкан. Многу работи ќе се случуваат на тоа ниво секој месец, работи кои не се случувале порано. Европската Комисија ќе ја публикува својата стратегија за Западен Балкан во февруари која ќе обезбеди визија како ЕУ гледа патот на зачленување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Во април Комисијата ќе ги издаде извештаите за прогресот на земјите на патот кон ЕУ и веќе во мај ќе го имаме Софискиот самит, па во јуни ќе има состанок на Европскиот Совет каде се надеваме дека многу важни одлуки ќе произлезат со проширувањето на ЕУ со Западен Балкан и се надеваме за можно отворање на пристапни преговори со земјите од Западен Балкан“, рече Жбогар.

    Тој додаде дека во стратегијата за Западен Балкан ќе биде и Македонија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира