СРЕДЕ ЗАБРАНА, ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА СИ ЈА ОТВОРИЛЕ 22 ОБЈЕКТИ, ЌЕ ОДГОВАРААТ КРИВИЧНО

    СРЕДЕ ЗАБРАНА, ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА СИ ЈА ОТВОРИЛЕ 22 ОБЈЕКТИ, ЌЕ ОДГОВАРААТ КРИВИЧНОДржавниот пазарен испекторат и денеска продолжува со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција, за да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19. (Фото: СДК.МК)

    Раководителката на Инспекцискиот надзор Мери Проја-Продановска, утринава во Охрид кажа дека и покрај забраната за работа поради пандемијата со коронавирус, 22 угостители и туристички работници за продолжениот викенд ги отвориле капацитетите и сместувале гости.

    „Од петокот досега се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од уредбата за истите ќе бидат поднесени кривични пријави“, рече Проја-Продановска.

    Најголемиот дел од прекршувањата 8 се во Охрид, 4 во Струга, 5 во Битола, 3 во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така, кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време.

    Државниот пазарен испекторат и денеска продолжува со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција, со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира