СТАВРЕСКИ ИСПРАТЕН ОД ОПОЗИЦИЈАТА СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ЗА КАТАСТРОФА ВО ЕКОНОМИЈАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТАВРЕСКИ ИСПРАТЕН ОД ОПОЗИЦИЈАТА СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ЗА КАТАСТРОФА ВО ЕКОНОМИЈАТА

    Откако Собранието пладнево ја констатираше оставката на Зоран Ставрески, пратениците отворија расправа за неговите (не)успеси и подвизи за овие 10 години додека беше министер за финансии во владата на Никола Груевски. Од неговиот наследник Кирил Миновски, кој доаѓа од директорското место во Управата за јавни приходи, опозицијата побара да троши помалку и да биде потранпарентен од Ставрески.

    “Од новиот министер за финансии бараме да ги врати парите на граѓаните. Собраните пари од нив преку даноци и други давачки, бараме да не ги троши за Скопје 2014, за споменици, туку да ги врати кај граѓаните. Второто наше барање до новиот министер е да биде транпарентен за разлика од претходникот“, рече пратеникот од СДСМ Марјанчо Николовски.

    Освен што му наведоа се што трошел досега Ставрески, од жални врби до стиропор-барокни зданија, пратениците од СДСМ го потсетија премиерот Емил Димитриев, кој присуствуваше на седницата на мини-реконструкцијата на Владата, дека на чело со Ставрески, јавниот долг на РМ скокна на ниво од рекордни 45 отсто од Бруто домашниот производ, а од 2008 до првиот квартал на оваа година, РМ ја задолжи за нови 3,5 милијарди евра. Бројот на блокирани сметки на граѓани, рече Николовски, пораснал годинава за 16.500. Има нови 2.300 блокирани фирми, што вкупно покажува, рече Николовски, дека Ставрески го остава македонското стопанство во состојба на страотна неликвидност. Во моментов има десетина пријавени дискутанти за напад и одбрана на ликот и делото на Зоран Ставрески. Пратениците прогнозираат дека седницата може да трае до доцна вечер.

    Зоран Ставрески вчера поднесе оставка од функцијата вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија поради здравствени причини. Тој беше дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари