СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ДА СЕ ЈАВИ В ЗАТВОР НА 2 ЈУЛИ, ГО ПОВИКА СУДИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ ОД КРИВИЧНИОТ СУД

    СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ДА СЕ ЈАВИ В ЗАТВОР НА 2 ЈУЛИ, ГО ПОВИКА СУДИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ ОД КРИВИЧНИОТ СУДЈакимовски е уптен да се јави во Затвор Скопје, каде што се служат казните до една година. (Фото: Принтскрин од видео на Фејсбук)

    Правосилно осудениот поранешен градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски треба да се јави на отслужување казна затвор на 2 јули оваа година.  Судија за извршување санкции од Кривичниот суд Скопје, на осудениот Јакимовски кому Апелациониот суд му ја потврди едногодишната затворска казна за бесправно градење, од која 5 месеци веќе му се одлежани во куќен протвор, му издаде упатен акт за издржување на  казната затвор. Јакимовски в затвор треба да одлежи уште 7 месeци.

    Јакимовски е упатен да се јави во Затвор Скопје, во Шуто Оризари, каде што се служат казните до една година.

    Осуден е за изградба на бараките во скопското основно училиште „Лазо Трповски“ каде беше сместена општинската администрација до пуштањето на употреба на новата општинска зграда.

    На 9 јуни од Кривичен суд соопштија дека второстепениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда според која, се потврдува пресудата против обвинетиот С. Ј., поранешен градоначалник на Општина Карпош, за кривичното дело Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од Кривичниот законик (КЗ), за кое дело му е утврдена казна затвор во траење од една година.

    Јакимовски потоа на прес-конференција пред бараките за кои е осуден, кажа дека во оваа ситуација е виновен за да биде спречен да се кандидира на повторните избори за градоначалник на Општина Карпош.

    „Знам дека судиите работат под притисок и очекувам дека Врховниот суд ќе ја отфрли оваа политичка пресуда. Ова е доказ дека ние имаме диктаторски режим којшто се пресметува со своите. Сакам да му порачам на премиерот Мицкоски следново ‘кој си игра со меч, од меч ќе загине’“, рече Јакимовски на 9 јуни.

    Јакимовски има уште еден судски процес во Кривичниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира