СТИГНАА УШТЕ 100.000 ВАКЦИНИ „СИНОФАРМ“, ПРЕДНОСТ ЌЕ ИМААТ ПОСТАРИТЕ, МЛАДИТЕ ЌЕ ПОЧЕКААТ

    СТИГНАА УШТЕ 100.000 ВАКЦИНИ „СИНОФАРМ“, ПРЕДНОСТ ЌЕ ИМААТ ПОСТАРИТЕ, МЛАДИТЕ ЌЕ ПОЧЕКААТ100.000 вакцини „Синофарм“, донација од кинеското Министерство за одбрана. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Утрово во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје стигнаа уште 100.000 вакцини „Синофарм“, донација од кинеското Министерство за одбрана. Синоќа на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа и 38.400 дози на „АстраЗенека“ преку Ковакс механизмот.

    Министерот Венко Филипче кажа дека со новите пратки ќе продолжи масовната вакцинација согласно возраста на пријавените граѓани на сајтот vakcinacija.mk.

    „До понеделник сите пријавени ќе добијат термин. Се става акцент на новопријавените над 70 години кои се некаде околу 10.000 и тие ќе ја добијат вакцината на ‘АстраЗенека‘. Помладите од 40 ќе почекаат, зашто сметаме дека постарите се приоритет за заштита. Во некои општини беа пријавени помал број постари граѓани, некои помлади го земаа нивниот термин. Помладите беа вакцинирани зашто во пунктот веќе била исцрпена бројката на постари граѓани, но со новопријавените пак ставаме приоритет на постарите“, рече вчера министерот Венко Филипче.

    Во земјава досега стигнаа 300.000 дози „Синофарм“ (200.000 купени од производителот и 100.000 донирани од Министерството за одбрана на Кина), а се очекува до крајот на месецов на стигнат и првите количини од вакцината „Синовак“ од која се нарачани 500.000 дози.

    Секој понеделник стасуваат нови количини од вакцината на „Фајзер/Бионтек“, а не се знае кога ќе пристигне нова пратка од руската „спутник“ од која Владата во февруари  нарача 200.000 дози, а досега се испорачани само 6.000.

    Досега во земјава се аплицирани 189.842 дози вакцини. Со прва доза се вацинирани 163.427 граѓани, а ревакцинирани се 26.415. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 346. 431.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира