СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДО МАЈ ПОМАЛИ ЗА 37 МИЛИОНИ ЕВРА

    СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ДО МАЈ ПОМАЛИ ЗА 37 МИЛИОНИ ЕВРАЕксдиректорот на Дирекцијата за Технолошко Индустриски Развојни Зони Виктор Мизо и премиерот Зоран Заев на отворањето на фабриката на „Адиент“ за автомобилски навлаки во Струмица на 15 јуни. (Фото: СДК.МК)

    Странците вложиле 36,88 милиони евра помалку во првите пет месеци од годинава, споредно со истиот период лани. Последните податоци на Народна банка покажуваат дека во периодот јануари-мај како директни странски инвестиции биле книжени 160,о3 милиони евра. Лани до мај во Македонија беа евидентирани 196,91 милион евра.

    Годинава најголем пад има во јануари, кога салдото на директни странски инвестиции е негативно, односно биле извлечени 9 милиони евра повеќе отколку што биле внесени како инвестиции.
    Владата најави нови правила за привлекување странски инвеститори, кои ќе бидат познати во септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира