Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тврди дека струјата нема да поскапи. Тој денеска во Велес, при посетата на зградите кои „Хабитат Македонија“ ги гради за семејства со ниски приходи, рече дека Владата ја намалила цената на ДДВ за струјата, па оттука ќе нема поскапување.
„Живееме во општество во кое што се пласираат лажни информации, што е неразумно однесување. Поскапување на електрична енергија нема да има. Затоа го намаливме ДДВ од 18 на 5 отсто од јули оваа година, односно 10 отсто од средината на наредната година. Ова го сторивме за граѓаните да не го почувствуваат можното движење на цената на струјата“, кажа Битиќи во Велес.
Тој додаде дека македонските семејства плаќаат трета најниска цена на електрична енергија во однос на земјите од регионот и земјите од ЕУ.
Според одлуката на Владата, цената на ДДВ на струјата ќе биде вратена на 18 отсто од јули 2023.
П. ПЕЧКОВ